Aida Cako
26 Декември 2025•Ажурирај: 29 Декември 2025
ДУХОК (AA) – Со доаѓањето на зимата и падот на температурите, уличната храна станува сѐ попривлечна за жителите на ирачкиот град Духок, каде што зголемената побарувачка за топли оброци го оживува секојдневниот ритам на градските улици, јавува Анадолу.
Продавачите на улична храна сведочат за зголемен интерес кај граѓаните, кои во студените денови сѐ почесто застануваат кај штандовите за да се загреат со свежо подготвена храна.
Мирисите од топлите јадења и напивки се шират низ улиците, создавајќи жива атмосфера и собирајќи луѓе околу малите импровизирани тезги.
За многумина, уличната храна во Духок не претставува само брз оброк туку и дел од секојдневната социјална интеракција, особено во зимскиот период кога топлата храна носи чувство на удобност и заедништво.