свет

Ирак: Поради присуството на терористичката ПКК, над 350.000 Езиди не можат да се вратат во своите домови во Синџар

„Моментално во камповите во Духок живеат 325.096 Езиди кои не можат да се вратат во Синџар. Езидите живеат во 15 различни кампови...“

Ekipa  | 03.08.2022 - Обновена : 05.08.2022
Ирак: Поради присуството на терористичката ПКК, над 350.000 Езиди не можат да се вратат во своите домови во Синџар

ЕРБИЛ (АА) - Околу 325.000 Езиди кои избегаа од нападите на терористичката организација ДЕАШ на 3 август 2014 година од округот Синџар во ирачки Мосул, не можат да се вратат во своите домови поради присуството на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА)

Дајан Џафер, директор на Центарот за миграција, бегалци и борба против кризата во Духок, во разговор за АА рече дека не е донесена никаква одлука во врска со затворање на камповите во Регионалната курдска управа во северен Ирак (IKBY).

„Оние кои сакаат да останат во камповите можат да останат, оние кои сакаат да си заминат се слободни“, рече Џафер.

Додаде дека Езидите не се во состојба да се вратат во своите домови.

„Езидите не можат да се вратат во своите домови поради илегалните вооружени сили (ПКК) во Синџар“, рече Џафер, истакнувајќи дека Езидите стравуваат дека кога ќе се вратат во Синџар, нивните деца ќе се соочат со закани и ќе доживеат нови катастрофи.

„Моментално во камповите во Духок живеат 325.096 Езиди кои не можат да се вратат во Синџар. Езидите живеат во 15 различни кампови, а тука престојуваат 65.034 семејства“, појасни Џафер.

Наведувајќи дека во камповите има проблеми со вода и други проблеми, а дека меѓународните хуманитарни организации се фокусираат на Руско-украинската војна, Џафер рече дека одговорноста е на грбот на властите на Регионалната курдска управа во северен Ирак.

Тој оцени дека со реализација на договорот со кој е предвидено ставање крај на присуството на ПКК во Синџар би биле решени голем број проблеми во округот и нагласи дека Езидите кои не можат да се вратат на своите домови, чекаат спроведување на договорот помеѓу Ербил и Багдад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın