Hasan Esen
07 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
СВОНСИ (АА) – Дрвото тиса во Свонси, Велс, е старо 50 века, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дрвото се наоѓа на гробиштата покрај црквата „Св. Циног“ во селото Лангернив. Дрвото постои уште од раното бронзено време.
Иако експертите не можат да ја одредат точната старост, се проценува дека дрвото е старо помеѓу 4.000 и 5.000 години.
Дрвото е составено од дела, и е под заштита.
Едното стебло на дрвото е 6 метри, а другото 12 метри, дрвото е познато и како најстарото дрво во Обединетото Кралство.

Иако е познато дека овој вид дрвја можат да живеат и до 600 години, вакво дрво со оваа старост не постои никаде на друго место.
Експертите сметаат дека долгиот век на дрвото се должи на дождливите климатски услови во Велс.
Дрвото тиса често може да се види во црковните дворови низ Европа.
- Дрвото тиса било свето за Келтите -
Во претхристијанската ера се верувало дека дрвото тиса е свето.
Се сметало дека стеблата го симболизираат вечниот живот бидејќи секогаш биле зелени, и поради тоа што нивните гранки кои паѓале на земја можеле да пуштат корени.
Се верувало дека дрвјата можат да им помогнат на друидите, свештениците од келтските верувања, за да може да соберат духови и да ги поврзат со другиот свет.
Дрвото тиса се поврзува и со смртта во античките Рим, Грција и Египет поради нивните отровни лисја и црвените бобинки.
Со текот на времето, дрвото станало моќен христијански симбол. Поради својата долговечност и непаѓањето на лисјата се сметало дека го симболизира воскресението на Исус.