свет, Коронавирус

Британскиот премиер: Првите индикации покажуваат дека варијантата Омикрон е позаразна од Делта

Џонсон на владиниот состанок се осврна на последните случувања во врска со варијантата Омикрон

Zuhal Demirci  | 07.12.2021 - Обновена : 08.12.2021
Британскиот премиер: Првите индикации покажуваат дека варијантата Омикрон е позаразна од Делта

ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер, Борис Џонсон, истакна дека првите индикации покажуваат дека варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е позаразна од варијантата Делта, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Џонсон на владиниот состанок се осврна на последните случувања во врска со варијантата Омикрон.

Портпаролот на Владата во однос на владиниот состанок рече: „Премиерот рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за карактеристиките на Омикрон, но првите индикации се дека тој е позаразен од Делта.“

Портпаролот, исто така, истакна дека меѓу високиот тим експерти на премиерот немало дискусија за тоа дали Владата оваа зима треба да воведе мерки од планот Б за борба против Ковид-19.

- Откриени 336 случаи на Омикрон

Заклучно со вчерашниот ден, откриени се вкупно 336 случаи на Омикрон, од кои 261 во Англија, 71 во Шкотска и 4 во Велс.

Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, наведувајќи дека варијантата Омикрон почнала да се шири во повеќе региони низ целата земја, нагласи: „Ова вклучува случаи кои не се поврзани со меѓународно патување. Затоа, сега можеме да заклучиме дека постои во повеќе региони на Англија.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.