Yeşim Sert Karaaslan
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
АНКАРА (АА) - Конзумирањето на "slim" и "light" цигарите влијае врз развојот на рак на белите дробови, што тешко се дијагностицира и побрзо напредува, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден член на работната група за контрола на потрошувачката на тутун во Турција, д-р Огуз Килинч, изјави дека потрошувачката на тутун предизвикува разни болести, меѓу кои и рак.
Тој додаде дека претходно било вообичаено конзумирањето на цигари да предизвика рак на бронхиите, а дека денес употребата на "slim" и "light" цигарите предизвикува рак во периферните области на белите дробови каде што е потешко да се открие.
Килинч потсети дека пушачите кои ги користат овој тип на цигари вовлекуваат повеќе чад за да го почувствуваат повеќе никотинот и вкусот на тутунскиот производ кој пак не го намалува негативното влијание на никотинот врз здравјето.
Лекарот Килинч смета дека е неопходно тутунската индустрија да се стави под контрола доколку сакаме да се намали потрошувачката на тутун и производи од тутун.
"Убиецот и кога ќе се замаскира останува убиец. Затоа, тутунските производи без разлика на тоа дали се "тенки" или обични, се убијци", рече Килинч.
Лекарката Елиф Дагли рече дека пушачите сметаат дека преку "slim" цигарите конзумираат помалку никотин, но дека на тој начин човечкото тело кое е навикнато на одредена количина на тутун, бара повеќе никотин. Поради тоа пушачите ги користат повеќе "slim" цигари.
Дагли посочи дека електронските цигари, кои се сè почести во општеството, исто така се многу штетни.