Büşra Selvi Öğütcen
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во јужноамериканската држава Боливија е пронајден отпечаток со димензии од 1,2 метри од стапало на диносаурус, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Би-би-си, се претпоставува дека овој отпечаток му припаѓа на диносаурусот месојадец од видот Абелисаурус (Abelisaurus), кој на земјата живеел пред околу 80 милиони години.
Палеонтологот Себастијан Апестегуа изјави дека диносаурусите Абелисаурус едно време живееле во Јужна Америка.
Палеонтологот Апестегуа истакна дека пронајдениот отпечаток претставува најголем пронајден отпечаток на еден диносаурус месојадец во Јужна Америка од периодот креда, кој завршил пред 65 милиони години. Отпечатоците од диносауруси често се среќаваат во кратерот Марагуа. Овој отпечаток бил пронајден од страна на еден туристички водич.
Диносаурусот Абелисаурус е месојадец што живеел во Јужна Америка а неговото тело имало должина од 7 до 9 метри.