Zehra Ulucak
09 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
ХОНОЛУЛУ (АА) - Хаваите во вчера станаа првата сојузна американска држава што поднесе тужба против ревидираната извршна уредба за мигрантите, на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп на 6. март донесе ревидирана уредба од која се изземени државјаните на Ирак.
Да потсетиме, претходната одлука на Трамп за забрана за патување во САД на државјаните од седум муслимански земји беше отфрлена од американскиот суд.
На списокот на земји чии државјани 90 дена нема да можат да патуваат во САД останаа Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен.
Иран е отстранет од листата бидејќи, наводно, ирачката Влада вовела дополнителни мерки за контрола на имиграциската процедура, како и поради заедничката борба против ДЕАШ.
Обвинителите во име на државата Хаваи поднесоа тужба до Федералниот суд и бараа да се укине уредбата за која сметаат дека му наштетила на муслиманското население, туризмот и на странските студенти на островот.
„Хаваите во својата историја никогаш не дискриминирале. Околу 20 отсто од луѓето кои живеат во државата се родени во друга земја. Околу 100.000 од нив немаат право на државјанство, а околу 20 отсто вработени се родени во друга земја“, изјави главниот обвинител, Даглас Чин.
Правната постапка е подигната откако окружниот судија дозволи да се дополни претходно поднесената тужба.
Окружниот обвинител Дерик Вотсон изјави дека рочиштето е закажано за 15. март, ден пред ревидираната уредба да стапи на сила.