????? ?????, ????? ??????????
18 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
ТЕТОВО (АА) - Од денеска до 21 ноември по четиринаесетти пат по ред ќе се одржи Саемот на Книгата ”Тетово 2015”, организиран од Здружението на Албанските Издавачи во Македонија. Годинава на Саемот ќе учествуваат 40 домашни здруженија од Албанија, Косово и Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Според председателот на Здружението на Албанците во Македонијa Ќамил Руфати, саемот во Тетово до сега има покажано дека е голема годишна манифестација, додавајќи дека во индина очекува поголем развој.
”Овој вид на манифестација е една од најголемите културни настани коа што се оддржуваат не само во Македонија, туку и во Албанија, Косово и Црна Гора”, рече Руфати.
Градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи во нејзинитo обраќање истакна дека во минатото на народот му недостигала институционална поддршка на ваквите манифестации, додавајќи дека општината одлучила да додели буџет за развој на ваквите манифестации.
Здружението на Албанските Издавачи во Македонија , освен националните награди, оваа година ја додели наградата Рамадан Синани на косовскиот поет Љуљзим Тафа.
Здружението на Алнабските Издавачи во Македонија е основано во 2000 година во Скопје, а до сега има учествувано на повеќе саеми за книга во Скопје, Тетово и Струга .