İdris Okuducu
15 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
БАГДАД (АА) - Полицијата интервенираше и за време на денешните протести во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во интервенцијата со солзавец и боева муниција загинаа две лица. Издаден е налог за апсење на новинар поради неговите објави на социјалните мрежи.
Локалните медиуми наведуваат дека новинарот Наџах Мухамед Али на социјалните мрежи објавил статус со кој се поттикнува убивање на демонстрантите на антивладините протести.
По жалбите, судот во Семава, во покраината Мусена, издаде налог за апсење, во согласност со членот за тероризам.
Наџах Мухамед Али претходно работел во телевизија во Иран и е познат по своите ставови блиски на администрацијата од Техеран.
Ирачките официјални претставници на почетокот на ноември соопштија дека демонстрациите на економијата ѝ нанеле штета над 6 милијарди долари.
Ирачката Комисија за човекови права соопшти дека за време на демонстрацитие од 1 октомври загинале 319 лица, а повредени се над 15.000.