Ata Ufuk Şeker
15 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во белгискиот главен град Брисел отворен е 5. Саем за класични автомобили, за кој има голема заинтересираност, јавува Anadolu Agency (AA).
На саемот кој се одржува во „Експо центар“ во Брисел, изложени се стотици автомобили.
Заедно со голем број класични и стари автомобили, на овој саем се изложени и мотоцикли, како и камионети.
Покрај тоа, изложени се и луксузни возила, како „ферари“, „порше“, „ламборџини“, „ролс-ројс“, „бентли“, „мерцедес“, БМВ.
Саемот ќе биде отворен до 17 ноември.