Muhammet Kurşun
08 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ТЕХЕРАН
Најмалку шест лица загинаа, а стотици се повредени од последиците на силниот земјотрес што рано утринава го погоди северниот регион на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди иранската покраина Источен Азербејџан.
Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран соопшти дека потресот се случил во два часот по полноќ и дека епицентарот е регистриран во градот Терк и тоа на длабочина на тлото од осум километри.
Иранската државна телевизија јавува дека како последица на потресот загинале шест лица, а дека најмалку 300 лица се повредени.
Тресење на тлото се почувствувало и во соседните покраини Гилан, Зењан, Ердебил и Казвин.
Потресот предизвика и голема материјална штета, а во наредните часови се очекуваат подетални извештаи на надлежните служби од терен.