свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.086 лица, во Бразил 836, а во Мексико 651

Министерството за здравство на Индија соопшти дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.086 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 90.021

Sinan Doğan, Emel Gözellik  | 23.09.2020 - Обновена : 24.09.2020
Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.086 лица, во Бразил 836, а во Мексико 651

АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.086 лицa, во Бразил 836, а во Мексико 651, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.086 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 90.021.

Покрај тоа, во последните 24 часа се откриени уште 83.347 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.646.010.

Досега во земјата, која има популација од над 1,3 милијарда, од Ковид-19 оздравеа 4.587.613 лица.

- Бразил -

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 836 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 138.108 лицa.

Дијагностицирани се 33.536 новозаразени, со што вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирусот порасна на 4.591.604.

Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.945.627.

- Мексико -

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 651 лице.

Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 74.348.

Во Мексико се откриени 4.683 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 705.263.

Досега во земјата оздравеа 506.732 лица претходно заразени со Ковид-19.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.