Barış Gündoğan
15 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
АНКАРА
Со акција на турската Национална разузнавачка служба (МИТ) организирана во Сирија, во Турција е донесен терористот на ДЕАШ, Касим Ѓулер, т.н. „шеф на вилаетот на Турција“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните извори соопштија дека Касим Ѓулер, под кодното име Ебу Усаме ел Турки се наоѓал на црвената листа на барани терористи, а дека МИТ започнал акција по дојавата дека терористот има намера да премине од Сирија во Турција и да изврши напад.
Ѓулер бил под придружба, а е фатен за време на операција во Сирија по што е донесен во Турција. Терористот на ДЕАШ, Ѓулер, се подготвувал со оружје и експлозив да влезе во Турција.
За време на акцијата за лишување од слобода на терористот со црвена потерница е запленета поголема количина документи.
Ѓулер од 2008 до 2010 година беше активен во судирите во Авганистан и Пакистан, а во 2014 година се придружи на терористичката организација ДЕАШ.
Станува збор за високопозициониран терорист, кој наводно бил задолжен и за финансиските работи на терористите во Русија, Европа и Турција.