Övünç Kutlu
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ЊУЈОРК (АА) - Соочен со прашањата во врска со најголемиот пропуст со приватните податоци на корисниците на мрежата што некогаш се случил во историјата на компанијата, соосновачот и извршен директор на компанијата „Фејсбук“ (Facebook), Марк Закерберг, вчера сведочеше пред 44 американски сенатори на два моќни комитети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Комитетот за правосудство, сенаторот Чак Грасли, го нарече сослушувањето „единствено“, додавајќи дека не претставува тајна тоа дека Фејсбук прави пари од податоци преку приходи од реклами, иако многумина изгледаат збунети или не се свесни за тоа.
„Фејсбук направи 40 милијарди долари во 2017 година, а околу 98 отсто од нив преку реклами“, рече тој.
Претседателот на трговскиот комитет, сенаторот Џон Тјун, нагласи дека месечно 2 милијарди лица го користат Фејсбук, а 1,4 милијарди лица секојдневно.
„Неверојатното постигнување на Фејсбук е причината поради која денес сме тука. Не сум убеден дека корисниците на социјалната мрежа ги имаат информациите потребни за да направат значителен избор“, вели тој.
Фејсбук минатата недела објави дека биле искористени приватните податоци на 87 милиони негови корисници во однос на критичкото политичко гласање во оваа земја и во САД, без согласност од „Кембриџ аналитика“, чие седиште е во Велика Британија.
„Сега е јасно дека не сторивме доволно за да спречиме овие алатки да бидат искористени за нанесување штета“, изјави Закерберг. „Тоа важи и за лажните вести, надворешното мешање во изборите и говорот на омраза“.
„Не ја видодме подобро нашата одговорност и тоа беше голема грешка. Моја грешка е и се извинувам... Тоа ја вклучува основната одговорност за заштита на информациите на корисниците, во кое не успеавме со британската компанија Кембриџ аналитика“, додаде тој.
- „Не требаше да им веруваме” -
Извршниот директор на Фејсбук сега спроведува целосна истрага за секоја апликација што има пристап до голем број податоци. „Верувам дека е важно да им се каже на луѓето како ќе се искористат нивните податоци што ќе ги споделат на Фејсбук“, додаде тој.
Тој изјави дека кога Фејсбук во 2015 година дознал дека „Кембриџ аналитика“ ги користи податоците од корисниците на социјалните мрежи, компанијата ја затворила апликацијата што го предзвикала тој пропуст.
„Сметавме дека тоа е затворен случај. Не требаше да веруваме на нивниот збор. Затоа не ја известивме Федералната трговска комисија“, вели тој.
Закерберг вели дека Фејсбук сега сè повеќе ги развива ВИ-алатките кои проактивно можат да идентификуваат одредени видови лоша активност. „Оваа година ќе имаме 20.000 лица што ќе работат на преглед на безбедноста и содржината“, вели тој.
Извршниот директор призна дека Фејсбук бил бавен во идентификувањето на руските информативни операции во 2016 година, а сега има распоредено нови алатки за вештачка интелигенција (A.I tools) што овозможуваат поуспешна работа во идентификувањето на лажните профили кои можеби се обидуваат да се мешаат во избори или да шират дезинформации.
„Кембриџ аналитика“ беше поврзана со кампањата на претседателот Доналд Трамп во 2016 година, а компанијата со седиште во Велика Британија, наводно, ги користела податоците на Фејсбук за да се меша во изборите.
„Ние обезбедивме поддршка во кампањата на Трамп како што направивме и со другите кампањи“, изјави Закерберг.
Тој призна дека Фејсбук добил судска покана од канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мјулер. „Некои вработени во компанијата „Фејсбук“ правеа интервју во канцеларијата на Мјулер. Знам дека работиме со нив“, вели тој.
Закерберг рече дека Фејсбук ќе го потврудва идентитетот на секој што рекламира, што води политичка или реклама поврзана со слични прашања.
„Тоа значајно ќе ги отежни напорите за мешање на Русија, како и други напори во обид за ширење дезинформации“, додаде Закерберг.
Закерберг не беше под заклетва, но беше побарано со закон да ја каже вистината.
Извршниот директор на Фејсбук денес ќе се соочи со Претставничкиот дом на САД.