Hajer M'tırı
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - „Air France“ денес ќе може да функционира со само 70 отсто од своите летови поради штрајкот свикан од синдикатите на пилоти, кабинскиот екипаж и помошен персонал кои бараат зголемување на платите, јавува Anadolu Agency (AA).
Превозникот, кој е дел од „Air France-KLM“, се очекува да работи со 60 отсто од своите летови за долги дестинации и 65 отсто од своите летови за средни дестинации кои работат во и од аеродромот во Париз „Шарл де Гол“.
Исто така, се очекува да управува и со 75 отсто од летовите на кратки дестинации во Париз, на аеродормот „Орли“ и на други провинциски аеродроми.
„Air France“ ги предупреди патниците дека е можно одложување или откажување на летови во последна минута.
Најмалку 10 синдикати повикаа на штрајк во обид да извршат притисок врз управата за зголемување на платите на вработените за 6 отсто во целиот одбор.
Управата на „Air France“ смета дека зголемувањето е невозможно и го претстави Нацрт-договорот кој обезбедува општо покачување од само 1 отсто во две фази.
Групата „Air France-KLM“ вчера објави дека штрајкот спроведен на 22 февруари, 23 и 30 март, 3, 7, 10 и 11 април ја чинел компанијата загуба од речиси 179 милиони евра (209 милиони долари), од оперативниот приход.
Наредните штрајкови се планирани за 17, 18, 23 и 24 април.