Emre Aytekin
07 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
ЈАНГОН (АА) - Во Мјанмар исчезна авион кој превезувал 104 патници и членови на екипажот, јавува Anadolu Agency (AA).
Армијата на Мјанмар соопшти дека авион што летал на релацијата Јангон – Мјеи исчезнал од радарот.
Генерал Мјат Мин Оо, портпарол на армијата, изјави дека е прекината комуникацијата со воениот авион од тип Y-8 од аеродромот Мјеи, во кој се наоѓале 90 патници и 14 членови на екипажот, кусо време по полетувањето.
„Комуникацијата со авионот е прекината во 13.35 часот по локално време, во моментот кога тој се наоѓал на оддалеченост од 30 километри западно од градот Тавој“, се вели во соопштението на армијата на Мјанмар.
Во соопштението се наведува дека во авионот се наоѓал воен персонал и членовите на нивните семејства.
Во ацијата за пронаоѓање на исчезнатиот авион на крајбрежјето од Андаманското Море, во југоисточниот дел на Мјанмар, вклучени се воени авиони и бродови.