Meltem Bulur,Zuhal Demirci,Murat Karadağ
07 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, ги осуди утринските терористички напади во Техеран и порача дека тие напади дополнително ќе го зајакнат заедничкиот став на државата и на народот против тероризмот како закани на глобалниот мир, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот министер за надворешни работи престојува во официјална посета на Турција, а пред хотелот „Hilton“ (Хилтон), во кој престојуваше во Анкара, им се обрати на новинарите и изјави дека во регионот се случуваат загрижувачки работи и оти Иран во тој контекст мора да води блиски консултации со Турција.
Зариф ги осуди утринските терористички напади во коишто во зградата на иранскиот Парламент и пред турбето на ајатолахот Хомеини се убиени најмалку 12, а ранети се 43 лица.
„Иранските сили и народот секогаш ќе се спротивставуваат на ваквите напади“,порача Зариф.
Во рамките на официјалната посета, Зариф во Анкара ќе се состане со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, а ќе биде пречекан и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Зариф претходно изјави дека со турските официјални лица ќе разговара за билатералните односи, ситуацијата во Сирија и за другите регионални прашања.