Kasım İleri
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател на Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани и во таа прилика изразил подготвеност да учествува во напорите за пронаоѓање на решените на дипломатската криза помеѓу Катар и арапските држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп го нагласи значењето на стабилноста во Заливот како и јакнењето на соработката на сите земји во регионот за да, како што рече, се спречи финансирање на терористичките организаци.
Нагласи дека е подготвен во решавањето на кризата, додавајќи дека би прифатил одржување на состанок во Белата куќа.
„Претседателот порача дека сака да пружи помош и изнесе предлог, доколку биде потребно, во Белата куќа да се одржи состанок за да се остранат несогласувањата помеѓу страните", се наведува во соопштението.
Истакна дека Советот за соработка во Заливот како и односи со САД се клучни за пораз на тероризмот и јакнење на регионалната стабилност.
Потсетуваме, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Египет во понеделник ги прекинаа дипломатските односи со Катар кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот и поддршка на тероризмот. Вчера односите со Катар ги блокираа Малдиви и Мауританија, а денеска и Јордан.