Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп се противи на секоја одлука која не опфаќа подигање на вистински ѕид на границата со Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, за „Fox & Friends“ изјави дека нема да одобри ниту еден закон кој не содржи подигање вистински ѕид и вистинска силна безбедност на границата со Мексико.
Американскиот претседател минатиот месец изјави дека до подигнувањето на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико, тоа подрачје ќе го обезбедува Американската војска.
Познато е дека во САД живеат околу 11,2 милиони илегални мигранти, а поголемиот дел од нив се Мексиканци.
По само пет дена од преземањето на функцијата претседател на САД, Трамп ја потпиша одлуката со која се предвидува подигање ѕид на границата со Мексико, а со цел спречување илегални миграции и зајакнување на безбедноста на границата.
Трамп претходно изјави дека трошоците за подигање на ѕидот ќе ги сноси Мексико, а претседателот на оваа земја, Енрике Пења Нието, изјави дека тоа нема да се случи.