Kasım İleri
29 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
ЧИКАГО (АА) - Претседателот на Конгресот на Муслиманско-американското општество (MAS) и Исламскиот кург на САД (ICNA), Хусеин Ата, предупреди дека правата и слободата на муслиманите кои живеат во САД се соочуваат со поголеми закани од било кога, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на отворањето на конгресот, на кој во Чикаго се собраа десетици илјади муслимани од сите делови на светот, Ата истакна дека по претседателската трка минатата година очекувале последици за американските муслимани.
Тој нагласи дека е продолжена антимуслиманската пропаганда на американскиот претседател Доналд Трамп. Ата изјави дека пропагандата на Трамп не останала на зборови туку била претворена во политика.
„Хаосот и безгрижноста на моменталната администрација ја зголеми нејасностaи неизвесноста како за сите Американци така и за американските муслимани “, порача за време на обраќањето на присутните муслимани.
Тој потсети и на вовеудвањето на визи за граѓаните на муслиманските земји, но и одлуката да го признае (Ерусалим) Кудс за главен град на Израел. Сето тоа, смета Ата, е последен од непромислените и неодговорни чекори.
Оваа одлука, според неговите зборови, е пример за тешкотиите со кои се соочуваат американските муслимани. На Конгресот се обрати и генералниот секретар на Советот на организации на американските муслимани, Усаме Џемал, кој порача дека муслиманите се дел од Америка.
Реториката на Трамп против муслиманите ја оцени како опасна. Џемал изјави дека е потребно, не само американските муслимани, туку и претставниците на сите вери во оваа земја, да реагираат и да ја критикуваат одлуката на Трамп во врска со Кудс.
Тој ја критикуваше и политиката на американскиот претседател кога е во прашање економијата и внатрешната политика.
„Мораме да покажеме дека муслиманите во Америка се динамична и важна заедница“, изјави Џемал.
Тој укажа на важноста на учеството на муслиманите на Латинска Америка во овогододишниот Конгрес.
Заменик претседателката на муслиманската заедница на Латинска Америка, Вилма Лопез, изјави дека муслиманите на Латинска Америка конечно ќе учествуваат во активностите на муслиманите во САД.
Таа потсети дека Латино Америка е заедница во која најбрзо расте бројот на оние кои го прифаќаат исламот. Присутните порачаа дека исламот на тие простори ќе остане уште 200 години.
На Конгресот ќе се обрати и заменик претседателот на Партијата за правда и развој (АК Партија), Мехди Екер.