култура и уметност

Србија: Почина актерот Борис Комнениќ

Регионалната публика ќе го памети по улогата на Александар Саша Попадиќ во серијата „Подобар живот“(Бољи живот)

Kemal Zorlak  | 07.03.2021 - Обновена : 08.03.2021
Србија: Почина актерот Борис Комнениќ

САРАЕВО

Познатиот српски филмски и театарски актер Борис Комнениќ почина на 64 години по тешка болест, јавуваат српските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Роден е во 1957 година во Пула. Гимназијата ја завршил во Белград, а глума студирал на Факултетот за драмски уметности. Член на Народниот театар во Белград станал во 1984 година.

Покрај театарските, оствари и бројни филмски улоги и улоги во серии. Некои од најзначајните се во телевизиските серии „Сивиот дом“, „Подобар живот“ (Бољи живот) и „Синѓелиќи“, и во филмовите „Тајванска канаста“, „Денови од сништата“ , „Сплав на медузите“.

Регионалната публика ќе го памети по улогата на Александар Саша Попадиќ во серијата „Подобар живот“(Бољи живот).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın