Burç Eruygur
16 Април 2023•Ажурирај: 17 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот и првата дама на Азербејџан денес им се заблагодарија на две турски кревачки на тегови кои ги посветија своите медали на Азербејџан за време на Европското првенство во кревање тегови 2023, во ерменскиот главен град Ереван, пренесува Анадолу.
Во официјалното соопштение, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и првата дама Мехрибан Алиева им честитаа на Џансу Бекташ и Гамзе Алтун за освоените три златни, односно еден сребрен медал.
Алиев и Алиева истакнаа дека овој потег кој „покажа голема умешност, решителност и волја да се вее знамето на Туркије“ на светската сцена, интонирајќи ја турската национална химна, го израдува „сиот народ на Азербејџан“.
За посветувањето на победите на Бекташ и Алтун на Азербејџан, тие рекоа дека тоа „уште еднаш докажува дека таму каде што не е Азербејџан, Туркије секогаш нè претставува и ја поддржува нашата праведна кауза. Ова е уште една манифестација на нераскинливото братство меѓу Азербејџан и Туркије“.
Азербејџан вчера соопшти дека се повлекол од Европското првенство во кревање тегови во Ерменија откако знамето на земјата е запалено од официјално акредитирано лице на свеченото отворање на првенството во петокот.