Mohamed Sabry Emam Muhammed
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
АЛЕПО (АА) - Локални извори го обвинија режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за нарушување на привременото примирје договорено од страна на САД и Русија во северната сириска покраина Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хеликоптер на силите на режимот фрли четири барел бомби во југозападниот дел на Алепо”, изјави денес за АА извор кој сакаше да остане анонимен поради безбедносни причини.
Четириесет и осумчасовниот прекин на огнот стапи на сила во Алепо, денес, по долготрајните интензивни борби помеѓу режимските сили и опозицијата.
Од 21-ви април режимските сили и руските воени авиони ги интензивираа нападите врз обласите во Алепо кои се под контрола на опозицијата, убивајќи голем број на цивили.