Mohamed Sabry Emam Muhammed
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ЕРБИЛ (АА) - Најмалку десет ирански војници се убиени а 20 се ранети во судирите помеѓу иранските сили и курдските милитанти во западниот дел на Иран во непоредна близина на иранско-ирачката граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Салих, претставник на Демократската партија на иранскиот курдистан, за АА рече дека до судирите помеѓу иранската војска и курдските милитанти дошло во вторникот.
„Десет ирански војници се убиени а 20 се ранети во заседа поставена од страна на курдските милитанти”, рече Салих и додаде дека меѓу убиените ирански војници имало и еден командант.
Претходно, иранските официјални лица соопштија дека во судирите во Сардашт убиени се двајца припадници на иранската револуционерна гарда, а неколкумина се ранети.