Halit Süleyman
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ИДЛИБ (АА) - Бројот на жртвите во нападот на шаторската населба од страна на воените авиони на сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад во Идлиб, на северот од Сирија, порасна на 27 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионите на сирискиот режим денес изведоа напад врз шаторската населба во којашто престојуваат цивили.
Според лекарите од импровизираната болница во местото Сармада во Идлиб, бројот на жртвите се зголемил на 27 лица.
Тие истакнаа дека меѓу загинатите има жени и деца.
Повредените се пренесени во блиските болници, додека во нападот се уништени десетици шатори кои се наоѓаат на тоа подрачје.
Сиријците кои избегаа од нападите на сирискиот режим од Алепо, Идлиб и Латакија се сместија во шаторската населбата Камунa која се наоѓа на околу 20 километри од границата со Турција.