Sena Güler
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Терористите на ПКК во северен Ирак, кои се притворени од страна на турските безбедносни сили, открија дека децата во одредите на организацијата биле изложени на злоупотреба од страна на нивните соборци терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според сведочењата на терористите на ПКК, „детскиот одред“ во северниот ирачки регион Зап се состоела од околу 30 деца на возраст од 9 до 14 години“, велат безбедносните извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.
„Некои од девојчињата во детскиот одред биле силувани, а оние што забремениле биле носени до најблиската болница во регионот за да ја прекинат бременоста, и покрај ризикот за нивните животи“, додаваат изворите.
Некои од децата се обиделе да извршат самоубиство бидејќи не можеле да ја надминат траумата.
Друг член на терористичката организација сведочи дека некои од девојчињата биле егзекутирани откако биле подложени на злоупотреба.
Терористот изјави дека тие бегале од терористичката организација бидејќи ситуацијата станала неподнослива.
Според сведочењата, напуштањата на терористичката организација се во пораст, додека влијанието на т.н. водачи во подрачјето на ирачката планина Кандил врз терористите на ПКК е намалено.
Во планината Кандил се наоѓа седиштето на терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица.