Qays Abu Samra,Mehmet Nuri Uçar
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
РАМАЛА (АА) - Во градот Рамала, на Западниот Брег се одржа протест во знак на поддршка на притворените Палестинци кои штрајкуваат со глад во израелските затвори, јавува Anadolu Agency (AA).
По повикот на „Комитетот за национална поддршка на притворените лица кои штрајкуваат со глад“, формиран од различни палестински групи што го демонстрираат својот отпор кон Израел, голем број Палестинци се собраа на плоштадот „Јасер Арафат“.
Демонстрантите носеа фотографии од своите блиски кои се во затвор, извикуваа пароли против Израел, и упатија апел до меѓународната заедница да бидат преземени мерки против прекршувањата што ги прави Израел.
Мурад Харфуш, член на комитетот, за АА изјави дека ќе организираат различни активности со цел да им дадат поддршка на притворените Палестинци кои веќе 10 дена штрајкуваат со глад.
На 17 март, околу 2.000 Палестинци во израелските затвори започнаа штрајк со глад, со цел да се стави крај на произволните практики и прекршувања од страна на Израел и за подобрување на условите во затворите.
Според извештајот што го подготвија институциите, меѓу кои и Здружението на палестинските затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци. Oд Источен Ерусалим се 481 затвореник, од кои 57 се жени и 300 деца.