Ekipa
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
РАМАЛА (АА) – Двajца Палестинци се повредени во настанатите тензии во близина на градот Рамала, Западниот Брег, помеѓу израелските војници и Палестинците, додека десетици лица се повредени од солзавец, јавува Anadolu Agency (АА).
Според информациите добиени од страна на очевидците, настанала тензија помеѓу израелските сили кои извшриле рација во појасот Ел-Мугир во источниот дел на Рамала, и жителите на овој појас.
Младите Палестинци реагирале против оваа рација со фрлање камења и шишиња, додека израелските војници одговориле со солзавец и вистински куршуми.
Според писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство, двајцата Палестинци кои се здобиле со повреди на нозете се лекувани во Здравствениот комплекс во Рамала.
Тимовите за прва помош пренесоа дека извршиле интевенција на местото на настанот врз десетци лица погодени од солзавец, кој ираелските војници ги користеле при тензиите.