Elvir Hocic
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) – Британската полиција приведе 12 лица за кого се сомнева дека биле вклучени во вчерашниот терористички напад во центарот на Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Лондонската полиција велат дека осомничените биле приведени во населбата Баркинг, во источниот дел на Лондон.
Инаку, нападот се случи синоќа кога напаѓачи со комбе влетаа во пешаци на Лондонскиот мост, кои потоа излегувајќи од комбето со нож нападнале минувачи на пазарот Бороу. Напаѓачите се застрелани од страна на полицијата.
Изутринава британската премиерка, Тереза Меј, го повика кабинетот на итен состанок со цел да се разговара за новите напади во Лондон.