Elvir Hocic
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
KРАКОВ (АА) - Илјадници учесници, главно деца учествуваа во Големата парада на змејови која по 17-ти пат традиционално се одржува во полскиот град Краков, јавува Anaolu Agency (AA).
Станува збор за еден необичен фестивал кој во првиот јунски викенд од 2000 година го организира театарот „Гротеска“.
По тој повод во Краков се собраа ентузијасти и љубители на митолошките суштества, на змејовите, од целиот свет.
Оваа година инспирацијата за парадата на змејовите е културата на медитеранските земји и нивната богата култура и историско наследство.
Фестивалот беше отворен со вчерашниот Семеен пикник со змејови, а централната манифестација е денешното разгледување на змејовите на централниот плоштад во Краков.