Rustam Mikayilli
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
ВИЛНУС (АА) - Самитот на НАТО во Полска ќе се одржи на Меѓународниот стадион во Варшава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста која ја соопшти полското радио, Самитот на НАТО ќе се одржи на стадионот на кој полската фудбалска репрезентација ги игра своите натпревари, и ќе биде место каде што ќе се сретнат 70 претседатели на држави и влади, како дел од вкупно 7.000 учесници.
Генералниот директор на полското министерство за одбрана, Богдан Скибут, соопшти дека од вчера Меѓународниот стадион е под контрола на Министерството за одбрана и дека е започнато со подготовките за Самитот на НАТО.
„Самитот во Варшава од аспект на учесници, ќе биде најголема организација на НАТО досега. Се очекува на Самитот, НАТО и земјите-партнери на Алијансата да испратат околу 2.000 делегати“.
Самитот на НАТО ќе се одржи од 8-ми до 9-ти јули во Полска. Стадионот во Варшава има можност за целосно затворање на кровот. На овој стадион во 2012 година се играа натпревари од Европскиот фудбалски шампионат, додека во 2015 година беше домаќин на финалето на Лигата на Европа.