Mahmoud Barakat
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Аршад ал-Салихи, шефот на комитет за човекови права на ирачкиот парламент, изјави дека многу цивили се убиени во тековните операции во Фалуџа како резултат на воздушните напади на ирачката армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за Anadolu Agency објавено денес, Салихи, воедно и шеф на Ирачкиот туркменски фронт, изјави дека десетици илјади цивили живеат во Фалуџа.
Тој додаде дека тие страдаат од терористичката група ДАЕШ и водат борба за опстанок поради воздушните напади на ирачките сили.
„Овие луѓе се заглавени помеѓу ДАЕШ и воздушните напади на ирачката армија”, изјави Салихи, тврдејќи дека Владата сè уште не обезбедила безбедна рута за излез на цивилите од областа.
На 23-ти мај, ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, најави лансирање на воена кампања за преземање на контролата врз Фалуџа, со учество на ирачката армија, антитерористичките единици, федералната полиција, милитантите на Хашд ал-Шаби и племенските борци.
„Јас предлагам цивилитеода Мосул и Тал Афар да ги напуштат овие градови засекогаш”, предупреди Салихи, велејќи дека тие би можеле да се соочат со истата судбина како и цивилите на Фалуџа за време на слични операции.
Лоцирана долж реката Еуфрат на околу 50 километри западно од Багдад, Фалуџа - која потпадна под контрола на ДАЕШ уште од почетокот на 2014 година - моментално претставува дом на околу 90,000 луѓе.