Ekipa
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Агенцијата за бегалци на ОН (УНЦХР) изрази загриженост дека мигрантите и бегалците, по евакуацијата од импровизираниот камп во Идомени, на неколку локалитети каде се преселни, се среќаваат со „нестандардни услови”, јавува Anadolu Agency (AA).
УНЦХР вели дека некои од евакуираните се одведени во „ напуштени магацини и фабрики” со „недоволно храна” ,вода, тоалет, тушеви и електрична енергија.
Мелиса Флеминг, порпаролката на УНЦХР на брифингот во петок ги повика грчките власти, со финансиска поддршка на ЕУ „ брзо да пронајдат подобра алтернатива”, за некои од иселените од Идомени.
Од агенцијата нагласија дека некои семејства се раздвоени за време на преселбата од Идомени, но и дека се протекло без употреба на сила.