Nuray Tunçay
27 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ХИРОШИМА (АА) - Претседателот на САД, Барак Обама ја посети Хирошима, каде за време на Втората светска војна САД фрли атомска бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама е прв претседател на САД кој ја посетува Хирошима и заедно со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе положија венец пред вечниот огин во спомен на жртвите од атомската бомба и се запишаа во книгата на гости во Меморијалниот парк на мирот.
Преседателот Обама во рамките на посетата на Јапонија на самитот на Г7 во Шима изјави дека фрлањето на атомската бомба врз Хирошима беше една од прествтните точки во минатиот век.
„Фрлањето на атомска бомба врз Хирошима беше една од прествртните точки во 20-тиот век. Една од причините на посетата на Хирошима е уште еднаш да се се соочиме со вистинските ризици кои нѐ очекуваат. Мојата посета не се однесува само сеќавањата на страшните последици кои ги предизвика 2 светска војна и загубите на невини животи низ целиот свет, туку и потсетување дека сѐуште ги немаме довршено нашите обврски", изјави Обама.
По завршувањето на војната, САД не и се извини на Јапонија. Додека некои кругови сметаат дека фрлените две атомски бомби врза Хирошима и Нагасаки беа причина за крајот на Втората светска војна, други не се сложуваат со таа идеа.
Под лидерство на тогашниот американски претседателот Хери Труман, беше фрлена атомска бомба врз Хирошима, а само три дена подоцна, на 9 август 1945 година и втората бомба врз Нагасаки. Пет дена по фрлањето на втората атомска бомба врз Нагасаки, од која животот го 75 илјади луѓе, на 14 август Јапонија се предаде, со што заврши Втората светска војна.