Ekip
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
ВАРШАВА (АА) - Јоланта Пиатек, портпаролката на полската рударска комисија, изјави дека спасителите пронашле и извлекле тело на уште еден рудар, со што бројот на жртвите се зголемил на две, додека шестмина рудари се водат како исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Тресењето на тлото се случило пред 21 часот синоќа на длабочина од околу 1.100 метри во рудникот Рудна во Полковницe на југозападниот дел на Полска
Пиатек од компанијата КГХМ Полска Меидз денес нагласи дека е пронајден леш под земјата.
Таа додаде дека претходно еден од девет рудари е изваден на површина брзо откако спасувачките екипи влегле во јамата, но исто така починал. Пет рудари се спасени и однесени во болница, додека шестмина и понатаму се водат за исчезнати и се трага по нив.