Ekip
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ПЕКИНГ (АА) - Спасувачките екипи извлекоа две тела од поплавениот рудник за јаглен во провинција Шан Кси во источна Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција 'Xinhua' денес објави дека 9 лица сеуште се водат за исчезнати.
Спасувачкиот тим првото тело го извлече во 23.00 часот синоќе, додека второто тело беше извлечено околу 5.00 часот денес изутрина.
Околу 21.000 кубни метри на вода и тиња беа испумпани од рудникот.
Во пресрет на несреќата во понеделникот, 56 рудари успејаа да избегаат од поплавата, додека 11 останати останаа заробени под земја.
Причината за поплавата е сеуште непозната.
Кинеските рудници се едни од најсмртоносните во светот поради слаби прописи и работни постапки.
Во последниве години, земјата има произведено повеќе од една-третина од годишно производство на јаглен во светот, но одговорна е за повеќе од две-третини од глобалните смртни случаи во рударството на годишно ниво.
Во јануари, 11 рудари загинаа откако се урна рудник во провинцијата Шан Кси, додека во февруари 12 лица загинаа при истекување на гас во рудникот за јаглен во провинцијата Џилин.
Претходниот месец, 12 лица во северна Кина загинаа при уривање на рудник за јаглен а додека 129 рудари работеле под земја.