Bedrudin Brlyavac
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, вечерва соопшти дека рударот кој во денешната рударска несреќа во рудникот за темен јаглен РТЈ Бановиќи, остана отсечен, не ја преживеал несреќата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од министерството за внатрешни работи потврдија дека рударот загинал а телото ќе биде пренесено во Комеморативниот центар Тузла, каде што ќе биде извршена обдукција.
Во јамата Омазиќ во рудникот за темен јаглен Бановиќи, денес околу пладне се случи рударска несреќа од која успеаа да се спасат десетмина рудари.
Ибрахим Лапандиќ, технички директор во рудникот за црн јаглен Бановиќи, потврди дека несреќата се случила денес околу пладне.
Според него до несреќата дошло при рушење на покривната конструкција во текот на подготовките за изработка на просторијата за механизираното чело. На местото работеле 10 рудари кои гледајќи како покривот попушта успеале да се извлечат со исклучок со машинистот кој останал отсечен при обид да ја спаси машината, неможејќи навреме да се извлече.
Инаку, рудникот Бановиќи има над 2.800 работници.