Gülcan Kaplan
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
МАНИСА (AA) – Денес се навршија две години од рударската несреќа во градот Сома, во регионот на Манис, во западниот дел на Турција, каде 301 рудар го загуби животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Болката во срцата на членовите на семејстата на загинатите рудари не стивнува. Од раните утрински часови тие ги посетуваат гробиштата во кои се погребани загинатите рудари. Родителите, сопругите, браќата, сестрите и децата со солзи за очите се молат за душите на загинатите.
Фатма Озџан, мајка на загинатиот рудар Омер Озџан, вели дека со зборови не е можно да се опише болката која ја ноци во срцето поради загинувањето на нејзиниот син. Иако по неговото загинување се отселила од Сома, таа вели дека секој ден доаѓа на неговиот гроб.
Зехер Думан во несреќата го загуби 26-годишниот син Ибрахим Думан. Како што вели, болката поради загинување на нејзиниот син, не може да се спореди со ништо.
„Имав еден син. Оваа болка човекот не би му ја посакал ниту на непријателот", рече Думан и истакна дека се гордееше со синот.
Таткото на Ибрахим вели дека единствен мир пронаоѓа кога ќе дојде на гробот на својот син.
„Не знаеме кога е ноќ, кога е ден. Не можам да бидам во куќата. Тука, покрај својот син, го наоѓам мирот" рече Думан.
Во рударската несреќа која се случи на 13 мај 2014 година во рудникот за јаглен во Сома во Турција, загина 301 рудар а 162 се спасени. Една од најтрагичните рударски несреќи во таа земја ја предизвика рожарот на трансформаторот, поради што на длабочина два километри под земјината површина останаа заробени неколку стотици рудари.