Ayhan Şimşek
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
ВАРШАВА (АА) - Земјите на НАТО денес се согласија да ја продолжат нивната воена мисија во Авганистан поради постојаните закани од страна на Талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на новинарите на клучниот самит во Варшава, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека членовите на алијансата одлучиле да ја продолжат нивната неборбена обука и мисија за помош во следната година.
„Одлучивме да ја одржиме нашата Мисија за решителна поддршка и по 2016 година преку флексибилен и регионален модел ” , изјави тој.
Столтенберг ги пофали клучните сојузници на НАТО, Турција, САД, Германија и Италија за нивната континуирана посветеност на мисијата.
„Му се заблагодарив на Претседателот Барак Обама за неговата значајна одлука за бројот на војниците. Исто така ги пофалив и другите земји како што се Германија, Италија и Турција и сите други сојузници и партнери кои придонесоа за мисијата, како и поради нивната силна посветеност” , додаде тој.
Столтенберг изјави дека Мисијата за решителна поддршка на НАТО ќе продолжи со својата неборбена обука и операција на совети за поддршка на Авганистанската армија.
„Но САД ќе има присуство на контра-тероризмот во прилог на Мисијата за рештелна поддршка. И тие продолжуваат да работат со авганистанските сили, исто така, во операции насочени против различни терористички групи ", рече тој.
Столтенберг изјави дека НАТО би сакал да распореди околу 12.000 војници во Авганистан следната година, слична на нивото на војниците оваа година.