Ekipa
10 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
РАМАЛА (АА) - Израелските сили срушија три палестински куќи на окупираниот Западен Брег и запечатија една, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските војници изведоа акции на подрчајето Дејр Ебу Месал, на западниот дел на Рамала, каде што ги срушија куќите на семејствата Усама Ата и Бер Ибрахим Салих, кои претходно животот го загубија во оган отворен од израелската војска, а куќата на семејството на Адил Анкуш е запечатена.
Израелските војници користеле муниција и солзавец против населението кое реагирало на рушењето на објектите.
Во раните утрински часови е извршена е акција и во Силвад, на источниот дел на Рамала, а срушена е куќа на Палестинецот Ислам Хамид.
Израелските војници во Источен Ерусалим во јуни усмртија тројца млади Палестинци, за кои тврдеа дека се обиделе да извршат напад на израелските сили.