Ekipa
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ДАМАСК (АА) - Петмина цивили, меѓу кои и деца, го загубија животот во копнените напади извршени од страна на режимот на Башар ал Асад во Сирија, врз населените места во областа Источна Гута која се наоѓа во „зоната без судири“ во сирискиот главен град Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
„Асадовиот режим осумпати изврши напад со минофрлачи во појасот Кафр Батна“, истакна во изјава за АА гласноговорникот на цивилната одбрана во руралните области на Дамаск, Сирач Мухамед.
Мухамед информираше дека петмина цивили загинале, а над 10 лица се повредени во бомбардирањето на населените места. Тој додаде дека при нападот е нанесена штета на објектите.
Источна Гута се наоѓа во една од четирите зони без судири договорени на 3 и 4 мај во преговорите во Астана, од страна на Турција, Русија и Иран.