Ali H. M.Abo Rezeg
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, ја отфрли можноста за голем воен напад врз Хамас во Појасот Газа, велејќи дека Израел ќе плати висока цена за таков чекор, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Постојат две опции: Да го собориме Хамас со израелската Армија, за што ќе платиме висока цена, или да пронајдеме решение во кое самата јавност во Газа ќе го собори режимот (на Хамас)“, изјави Либерман за израелскиот дневен весник „Едиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).
Вооруженото палестинско движење на отпорот, Хамас, управуваше со Појасот Газа од 2007 година, кога ја одзеде енклавата од ривалското палестинско движење Фатах.
Одговарајќи на прашањата за можноста Хамас да победи на идните палестински избори, Либерман рече: „Колку што јас знам, не постои можност Хамас да победи на слободни избори во Газа“.
Во 2005 година Израел се повлече од Појасот Газа и ги испразни сите населби таму. Но, воздушната, копнената и морската блокада на таа териорија сепак остана до денес.