Mahmut Geldi
31 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
ГАЗА (АА) - Владата на Палестина денес ја усвои одлуката за распишување локални избори во земјата на 13. мај, а палестинското движење Хамас соопшти дека тоа е неприфатлива одлука којашто ја продлабочува поделбата меѓу Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите одлуки во врска со изборните процеси во Палестина мораат да бидат во корист на националното единство и помирувањето. Новата одлука за распишување локални избори во мај е неприфатлива и неспроводлива. Таа одлука ја продлабочува поделбата и не е во интерес на Палестинците“, се наведува во пишаното соопштение на Хамас.
Хамас порача дека е нелогично да се влегува во какви било изборни процеси сѐ додека не се надмине проблемот со поделбата и не се воспостави национално единство во Палестина.
Локалните избори во палестинскиот Западен Брег и во Појасот Газа првично беа планирани за 8. октомври минатата година, а Врховниот суд на Палестина донесе одлука изборите да не се одржат во Појасот Газа, па и владата на Палестина во таа пригода го одложи изборниот процес.
Денес владата на Палестина соопшти дека локалните избори ќе бидат организирани на 3. мај оваа година.
Последните локални избори во Палестина се одржани во 2012 година, а оттогаш избори се одржани само во Западниот Брег. Хамас се обиде да ги одржи изборите во Газа. Последните избори на кои во Палестина учествуваа двете движења, и Фатах и Хамас, беа одржани во 2006 година. Хамас тогаш беше победник на изборите.