Amina Zorniç
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
САРАЕВО (AA) - Со отворањето на 5.469 избирачките места утрово во седум часот започнаа седмите локални избори во Босна и Херцеговина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор и четврти кои ги спроведува Централната изборна комисија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачките места се отворени и во основното училиште Сафвет-бег Башагиќ, во сараевската општина Центар, каде првите гласачи ја извршија својата граѓанска должност веднаш по отворањето на гласачките места.
Елма Медошевиќ, претседателката на изборното место 077 за АА изјави дека очекува дека во текот на денот се ќе помине во најдобар ред.
На ова гласачко место право на глас имаат 576 гласачи, за сега се се одвива во најдобар ред и очекуваме така да продолжи и понатаму. Во седум часот е отворено изборното место и би требало да работи до 19 часот, освен ако не биде продолжено поради некакви неприлики. Сите членови на комисијата се запознаени, нашиот изборен одбор брои пет члена, стасаа и меѓународните набљудувачки, сите видоа дека кутијата е отворена кога почнавме со процесот и се се одвива најдобро", нагласи Медошевиќ.
Инаку, на денешните локални избори право на глас имаат 3.263.906 гласачи запишани во Централниот изборен список. Сите тие ќе можат да гласаат со покажувње на еден од важечките идентификациски документи.
Освен 131 градоначалници на општини и 10 градоначалници на градови, на локалните избори 2016 година се бираат и 3.136 советници од кои 26 претставници на националните малцинства.
Ден претходно, односно во сабота, со почеток во седум часот, на сила стапи изборен молк во текот на кој на политичките субјекти и кандидати, но и на медиумите им е забрането секакво политичко претставување или огласување. Изборниот молк трае до недела, до 19 часот, односно до затвореањето на изборните места во БиХ.
Од вкупно 3.263.906 гласачи, 1.634.000 или 50,06 отсто се жени, додека 1.629.906 или 49,94 отсто се мажи. Од вкупно 3.263.906 гласачи, 605.888 или 18,56 се помлади од 30 години додека 2.658.018 или 81,44 се постари од 30 години.
Во БиХ има вкупно 1.945.399 гласачи, додека во Република Српска има 1.231.850. Во подрачјето Брчко евидентирани се вкупно 86.657 гласачи.
Освен 131 градоначалници на општини и 10 градоначалници на градови, на локалните избори 2016 година се бираат и 3.136 советници од кои 26 претставници на националните малцинства.
Инаку, на изборите учествуваат 451 политички субјект од кои 102 се политички партии, 103 коалиции, 171 независен кандидат, 17 листи на независни кандидати, 52 независни кандидати во име на 52 групи на граѓаните и шест независни кандидати во име на шест здруженија на граѓани.
Истовремено се очекува 142 општински градски изборни комисии да акредитираат над 40.000 набљудувачи кои ќе ги надгледуваат бирачките места на самиот ден на изборите.