Admir Fazlagic
02 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Македонија од продолжението на четвртата седница ги донесе измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен тоа, донесени се и измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година.
Според пратениците од СДСМ укинувањето на екстерното е првата добиена битка во реформите кои допрва следуваат.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Стефан Богоев рече дека екстерното тестирање е погубен и катастрофален концепт. На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Собранието на Република Македонија усвои одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.