Turgut Alp Boyraz
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Портпаролот на Кабинетот на израелскиот премиер, Дејвид Kиз, истакна дека движењето на отпорот Хамас се обидува да го измами светот со документ за нова визија и политика, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хамас, кој продолжува да го користи насилството против Израел, настојува да го измами светот“, истакнува Киз во соопштението.
Се додава дека „вистинската промена ќе се постигне кога Хамас ќе се откаже од градењето терористички тунели, но тоа не се случи“.
Лидерот на Хамас, Халид Мешал, вчера, во картарскиот град Доха, ја претстави новата визија и политичкиот документ на Хамас.
Меѓу најважните точки на документот кој има за цел, како што беше речено, да отвори нови хоризонти на движењето во меѓународната заедница, се наведуваат новото претставување на Хамас, основањето на палестинска држава во границите од 1967 година, како и ставот кон Евреите и кон верскиот екстремизам.