Bayram Altuğ
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
ЦИРИХ (АА) - Маскирани лица пристигнале пред зградата на генералниот конзулат на Турција во Цирих, фрлале боја врз објектот, а на автобуската станица и зградата од спротива, со црвена боја напишале „Kill Erdogan (Убијте го Ердоган)”, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот конзул на Турција во Швајцарија, Асије Нурџан Ипекчи, за новинарот на АА изјави: „Синоќа беше извршен напад со боја врз конзулатот на Турција. По нападот, полицијата нѐ обезбеди и во моментов се преземаат потребните испитувања”.
Ипекчи рече дека во синоќешниот напад учестувале околу 60 лица со маски на главите. Конзулот Ипеkчи изјави дека полицијата ги преземала потребните мерки и истакна дека се во координација со конзулатот. „Ситуацијата во моментов е мирна, нема од што да се плашиме. Се чисти и бојата која беше фрлена врз конзулатот”, изјави Ипекчи.
Ипекчи истакна дека во нападот е предизвикана материјална штета, додавајќи дека поради празнувањето на 1 мај, кој е неработен ден во Швајцарија, во зградата немало никој освен луѓето од обезбедувањето.
Маскирани лица земајќи го претседателот Реџеп Таип Ердоган како цел, на автобуската станица и на зградата од спротива со црвена боја напишале „Kill Erdogan (Убијтe го Ердоган)”.
Од друга страна, постои големо сомнeние дека извршители на нападот се симпатизери на терористичката органiзација ПКК, бидејќи боите кои се фрлени врз зградата на конзулатот потсетуваат на боите на организацијата, и за време на нападот извикувале слогани против претседателот Ердоган.
Во Берн, главниот град на Швајцарија, симпатизерите на ПКК за време на митингот кој на 25 март беше организиран во рамките на кампањата „НЕ” за референдумот што беше одржан во Турција, земајќи го претседателот Ердоган како цел, истакнаа банер на кој беше испишано „Kill Erdogan”. Банерот беше изработен со црна позадина на која можеше да се види дека кон главата на претседателот Ердоган е вперен пиштол, а под фотографијата беше испишано „Уби го Ердоган”.