Afra Aksoy
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
МОСУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ погуби 11 цивили кои се обиделе да избегаат од западното подрачје на ирачкиот град Мосул, под контрола на терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Наиф ез-Зебиди, припадник на ирачката армија, повикувајќи се на изјавите на жителите на населбите во западниот дел на Мосул, рече дека припадниците на терористичката организација погубиле цивили кои се обиделе да избегаат во областите под контрола на властите.
Зебиди истакна дека цивилите во западниот дел од градот скоро секој ден испраќаат повици за помош и за ослободување од терористичката организација ДЕАШ, и дека се загрижени за безбедноста.
Ирачките сили на 17 октомври 2016 година започнаа акција за ослободување на Мосул, над кој терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година воспостави контрола.
Ирачките сили кон крајот на јануари успеаја целосно да ги ослободат подрачјата во источниот дел на градот, а акцијата за ослободување на западната страна е започна на 19 февруари и понатаму трае.
Терористичката организација ДЕАШ има влијание врз околу 30 отсто од подрачјата во западниот дел.