Burcu Arik
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
АСТАНА (АА) - Сириските вооружени опозициски групи го потврдија своето присуство на мировните преговори кои се планирани да продолжат во главниот град на Казахстан, Астана, кон крајот на оваа недела, изјави денес официјален претставник на Казахстан, јавува Аnadolu Agency (AA).
Делегацијата на опозицијата ќе ја предводи Мухамед Aлуш.
Преговорите, кои ќе се фокусираат на прекинот на огнот кој стапи на сила на 30. декември 2016 година, се водат со посредство на Турција, која ја поддржува опозицијата, и Русија и Иран, кои го поддржуваат режимот на Башар ал-Асад.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Казахстан, Ануар Зајнаков, потврди дека сите страни, вклучувајќи го сирискиот режим и вооружената опозиција од северните и јужните фронтови се очекува да присуствуваат на четвртата рунда преговори.
Зајнаков истакна дека и специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, ќе присуствува на преговорите.
Преговорите, кои претходно се одржаа во јануари, февруари и во март, сега ќе се одржат на 3 мај и 4 мај.
Сирија е втурната во сурова граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.
Неколкуте рунди на мировни преговори одржани во Женева и во казахстанскиот главен град Астана, досега не успеаја да стават крај на конфликтот, во кој се убиени стотици илјади сириски цивили.