Mahmoud Barakat
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ГАЗА (АА) - „Палестинец кој беше ранет за време на масовните демонстрации „Голем марш за враќање“, денес им подлегна на повредите“, се соопштува од Министерството за здравство во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството ја потврдија смртта на 26-годишниот Палестинец по име Маџд Сухаил Акил, наведувајќи дека бил ранет во престрелка додека учестувал на протестите источно од градот Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.
Илјадници Палестинци од крајот на март протестираат на границата со Газа, со барање да се стави крај на израелската блокада и да се вратат протераните Палестинци. Во интервенциите на израелските сили убиени се повеќе од 140 демонстранти.